АДРИАМЕД ДОО Скопје

adriamed

Задоволни Коминтенти

  • ПЗУ АДРИАЛАБ – дијагностички лаборатории

    М-р д-р Маја Тодоровска, специјалист по мед. биохемија
    Директор

    “Брендот АДРИАЛАБ грижливо го градиме 9 години. Нашиот тим е посветен на практикување лабораториска медицина по највисоки стандарди, креирање точни и навремени резултати, задоволни клиенти. На тој пат нема место за компромиси.
    Од нашите деловни соработници очекуваме целосна посветеност и задоволување на нашите потреби за редовно и навремено снабдување со реагенси и потрошен материјал, сервисна поддршка 24 часа – 7 дена во неделата, во сите 4 наши лаборатории во и вон Скопје. Малку компании имаат знаење и доволно ресурси да излезат во пресрет на сите наши барања.
    АДРИАМЕД го има сето тоа.
    Затоа нашата соработка со АДРИАМЕД е успешна приказна од нашите први чекори во 2001 година до денес. ”

    АДРИАМЕД - речено – сторено!!!

    Наташа Чокревска Зоографска,
    Раководител ма биохемиската лабораторија во ПЗУ Мала Богородица – Систина, Скопје

    “Многугодишното стручно искуство во клиничката биохемија, во нашата болница се искристализира во верна и сигурна лабораторија, опремена со светски познатиот квалитет на Roche Diagnostics. Денешниот успех на нашата институција е меѓу другото, резултат на врвниот квалитет што ние го нудиме во форма на сигурни, прецизни, точни и навремени резултати за нашите пациенти. Тоа секојдневно се потврдува и со редовната надворешна контрола на нашата лабораториjа од страна на EQAS на BIORAD, каде добиваме највисоки оцени за квалитет на нашата работа на светско ниво. Сето тоа би било невозможно без сесрдната поддршка на фирмата АДРИАМЕД, која како претставник, увозник и сигурен стручен партнер во секој момент одговара на нашите потреби за редовна набавка на потребни материјали за работа, редовен сервис и стручна подршка за сите наши креативни идеи ”

Новости

Accu-Chek Active

Можност за бесплатно добивање на новиот Accu-Chek Active. Јавете се на нашите контакт телефони 3229-600, 3229-611

newsImage